Природа и здравје – Каланхое

Многу луѓе знаат дека каланхоето е корисно и убаво растение и помага при респираторни заболувања. Но, се покажа дека каланхоето може да се користи како дефиниција за природна аптека.

Ова растение не само што е убава декорација за домот – тоа е домашен лекар пратен лично од природата! Денес ќе дознаете зошто во секој дом треба да има каланхое.

Како прво, можете да го користите за третман на ринитис и синузитис. Користете сок од растението како капки за нос. Ставајте по 1-2 капки сок од каланхое 2-3 пати на ден и лесно ќе се ослободи од настинка.

Можете да направите третман на апсцеси и проширени вени. Истолчете 3-4 листови од каланхое. Попарете ги со 500 мл. врела вода и оставете ги да вријат 20 минути.

Пијте по 100 мл од напивката 3 пати на ден за лекување на проширени вени. Исто така се користи надворешно како инфуз за лекување на гнојни рани, се прават промивање и се ставаат облози.

SHARE

LEAVE A REPLY