Природа и здравје – Сок од кисели краставички

Краставиците се сметаат за здрава храна со векови, а интересно е тоа што луѓето во Русија за подобро здравје пијат сок од кисели краставички.

Содржи траги од јаглехидрати, минерали како: калциум, натриум: калиум, магнезиум и понекогаш пробиотик бактерии. Од овде и позитивното влијание врз организмот.

Според спроведените истражувања, сокот од кисели краставици може да биде корисен за болните од дијабетес, како и за оние кои претерале со алкохолот и сакаат да го поминат мамурлукот малку полесно.

Постојат истражувања кои тврдат дека е корисно да се пијат солени раствори после тренинг, поради зголемениот внес на вода, а вака може да се спречи и појавата на грчеви во мускулите.

Сепак и покрај многуте придобивки овој сок не е за секого,премногу сок од кисели краставички може да доведе до гасови, болки во стомакот и дијареа. Затоа бидете внимателни со негово конзумирање.

SHARE

LEAVE A REPLY