Мечки сардисале градче во Романија во потрага по храна !

Гладни мечки се симнале од планините во околината на Харгита и Прахове во Романија и извршиле вистинска „инвазија“ врз малиот град во подножјето.

Локалните медиуми јавуваат дека мечките се растрчале низ градот во потрага за храна.Мечките ги напаѓале кантите за отпадоци, дворовите на локалните жители и парковите, земајќи со себе се што им се чинело погодно за јадење.

Похрабрите жители ги снимиле мечките како трчаат по улиците, како се искачуваат по кантите за отпадоци, ги уриваат оградите меѓу дворовите. Но притоа не се интересирале за луѓето кои бегале од нив, па засега нема сознанија дека некој настрадал во оваа блиска средба на мечките и луѓето во Романија.

Еден од локалните жители објаснил дека една мечка влегла и во куќата на една старица која била дома и се подготвувала за јадење.

Во соседните градови се одржале протести во кои луѓето барале да им се помогне на луѓето од наездата на гладните и инаку, опасни диви животни.Засега не се знае како животните, среде лето се спуштиле од планините и навлегле во едно населено место, не обзирајќи се на луѓето, возилата, градската живост и буката што обично, притоа се создава.

Според европските податоци, во Романија живеат 60 отсто од сите кафени мечки во европските шуми.

LEAVE A REPLY