Познати двојките во Втората лига,Исток

Познати  двојките во Втората лига, Исток. На 26 август Брегалница во првото коло гостува на Турново, потоа во Штип доаѓа Победа од Валандово. Во третото и четвртото коло, Брегалница двапати едноподруго гостува на Борец, односно на Саса.Во петтото коло, штипјани играат со Кожув во Штип, потоа гостуваат на Тиквеш во Кавадарци. Во седмото коло во Штип доаѓа Плачковица, а во последните 8 и 9 коло Брегалница го заокружува првиот дел со дербито во Струмица, со Беласица и со Осогово во Штип.

Во двете втори лиги ќе се игра трикружен систем.Најдобрите екипи ќе бидат нови членови на Првата лига, додека второпласираните две екипи ќе играат бараж меѓу себе, а победникот во баражот ќе игра уште една средба -со 8 пласираната екипа во Првата лига.

SHARE

LEAVE A REPLY