Во Фукушима која доживеа нуклеарна катастрофа пронајдена и закопана бомба од Втората светска војна !

На градилиштето во близина на комплексот на нуклеарната електрана во Фукушима во Јапонија пронајдена е бомба за која се претпоставува дека е од Втората светска војна.

„Работниците ја забележале бомбата ископувајќи земја на едно паркиралиште, кое е на еден километар од реакторот кој во 2011 година беше уништен од земјотрес и цунами“, соопшти операторот „Тепко“.

Надлежните велат дека ‘рѓосаниот објект е долг 85 сантиметри, а широк 15 сантиметри. Воените единици, како што е соопштено, се упатени на терен за да се извршат деликатни работи за нејзина демонтажа.

LEAVE A REPLY