Пратеникот Благој Бочварски, најсериозен градоначалнички кандидат на СДСМ за Штип

Пратеникот Благој Бочварски, најсериозен градоначалнички кандидат на СДСМ за Штип. Неговото име во јавноста се појави уште при првите партиски комбинаторики, а веќе се споменува дека тој ги минат речиси сите партиски филтри и најверојатно ќе ја трча градоначалничката трка за социјалдемократите во Штип.

Релативно младиот Благој Бочварски, во партиските кругови се наметна како експерт за градежништво, поради што беше именуван и за претседател на партиската Комисија за транспорт и врски, потоа за кратко си обезбеди место во новиот пратечники состав, а од неодамна е и потпретседател на СДСМ.

Засега Бочварски ниту ги потврдува ниту ги демантира овие информации, со образложение дека партиската процедура за избор на кандидати за градоначалници и советници, се уште тече, но неговото често појавување во јавноста и на прес конференции, веќе се толкува како старт на неговата предизборна кампања.

Во прилог на ова оди и анализата на дел од македонските портали, кои за Штип кога во прашање е СДСМ, го посочувата Бочварски како речиси сигурен кандидат.

Штип е една од општините во која од осамостојувањето наваму, во пет изборни циклуси, СДСМ има освоено само два градоначалнички мандата и ниту еднаш мнозинство во советот. Ова Штип го става во редот на општини кои за СДСМ се исклучително важни.

Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ одамна Штип го смета за свое главно упориште и веројатно е дека ќе оди и на четврти освоен градоначалнички мандат.

Ова значи дека , како и многупати досега, и на овие избори рејтингот на двете партии и политичката клима, повторно ќе се мерат во Штип.

SHARE

LEAVE A REPLY