Став на над 90 % анкетирани штипјани: Захариев и Бојаџиев си ја тераат работата како што треба

Став на над 90 % анкетирани штипјани: Захариев и Бојаџиев си ја тераат работата како што треба, Исар е добар во снабдувањето со вода, а треба да ја корегира комуналната хигиена.

Ова сумбилирано се резултатите од анкетата направена од страна на ЈП „Исар“, а чии поединечни одговори изгледаат вака:

  • Дали сте задоволни од работата на Паркови и зеленило- 90,8% ДА / 9,2% НЕ;
  • Дали сте задоволни од комуналната хигиена- 76,6% ДА / 23,4% НЕ;
  • Дали сте задоволни од дистрибуцијата на вода и водоснабдувањето – 94,4% ДА / 5,6% НЕ;
  • Дали сте задоволни од работата на директорот Ангел Бојаџиев – 85,3% ДА / 14,7% НЕ;
  • Дали сте задоволни од работата на градоначалникот Илчо Захариев – 93,4% ДА / 6,6% НЕ;
  • Дали Илчо Захариев треба повторно да се кандидира за градоначалник – 92% ДА / 8% НЕ , изјави Стефанија Монева, анкетар.

Анкетата е правена во период од две недели, а истата опфаќа 1.000 случајни испитаници:

  • Анкетата е направена телефонски, опфатени се 1.000 испитаници, а прашањата беа од делот на нашето работење, појасни Лидија Михајлова, анкетар.

Анкетата Штипски Исар ја прави четврта година по ред и таа е своевиден одговор на граѓаните на работата на најголемото јавно претпријатие во регионот:

  • Целта ни е да го слушнеме мислењето на граѓаните за нашата работа, да ги детектираме слабите и силните страни од нашето работење и да го корегираме она што не чини, истакна Ангел Бојаџиев, дир. на ЈП „Исар“ – Штип.

Резултатите од анкетата се однесуваат на 2016 година, време кога „Исар“ смени околу 10.000 обични водомери со дигитални, воведе повеќе е-услуги за граѓаните, реконструираше неколкку километри водоводна и канализациона мрежа, речиси целосно го завршти приклучувањето на Караорман на канализационата мрежа, а инвестираше и во обнова на возниот парк.

Резултатите од анкетата заедно со сите забелешки од страна на граѓаните се доставени до сите раководители и истите имаат обврска, во најкраток можен рок , да ги отстранат сите недоследности.

 

SHARE

LEAVE A REPLY