Уапсен виолинистот Виктор Ангелов во Италија. Уличната уметност го чинеше казна од 160 евра

Уапсен виолинистот Виктор Ангелов во Италија. Момчето кое се прослави со инструменталната изведба на мегахитот „Деспасито“ вчера соопшти дека бил приведен на едно од главните шеталишта во Фиренца поради тоа што таму не било дозволено настапување на тн. улични артисти.

Ангелов во полиција останал неколку часа, по што бил ослободен со парична казна од 160 евра поради настапот.

Виктор Ангелов е музичка интернет сензација. На социјалните мрежи го следат над 45 илјади луѓе, а прегледите на неговите видеа се бројат во милиони.

Роден е во Штип, а со музика се бави уште од дете. Во периодот од 2001 досега има освоено 12 меѓународни награди, а светот дозна за него кога Деди Јенки изјави дека токму Виктор ја извел неговата омилена обработка на хитот кој го слушнал секој втор жител на планетата.

Ангелов со улични настапи се занимава повеќе години и досега својот талент го покажал во повеќе европски градови, а има учествувано и на престижен меѓународен фестивал во Австрија. Ова е прв пат тој да има проблеми, па дури и да заврши зад решетки и со парична казна поради своите настапи на улица.

SHARE

LEAVE A REPLY