ФК Осогово со три нови засилувања

Кочанскиот второлигаш Осогово најави три нови засилувања непосредно пред стартот на Купот на Македонија и првата полусезона од Втората лига Исток.

  • Планираме да регистрираме тројца фудбалери, Манев Јован од ФК Брегалница од Штип, Марио Атанасовски од ФК Рудар и Коцев Влатко кој доаѓа од Вардар Неготино, изјави Бранко Богатинов, претседател на ГФК Осогово.

Како што вели Богатинов, клубот е подготвен за предизвиците кои следат.

  • За првенството и за купот сме веќе 90% подготвени. Теренот е спремен, уште останува малку трибината да ја дотераме, да се зачисти, инаку теренот е искосен соодветно, така да се надевам дека во следните два дена ќе го завршиме во целост организацискиот дел, изјави Бранко Богатинов, претседател на ГФК Осогово.

Осогово за прв пат по долги години успеа да се врати во Втората лига, а таквиот предизвик го дочека клубот финансиски неподготвен, но подготовките со прволигашите летово и обезбедувањето на минималните финанскиски средства, успеаа да му ги вратат шансите на некогашниот третопласиран младински клуб во поранешна Југославија.

SHARE

LEAVE A REPLY