Академија Постолов Пандев реди победи на турнирот во Охрид

Академија Постолов Пандев и понатаму реди успеси на турнирот во Охрид.

Синоќа момчињата под водство на тренерот Борче Постолов, извојуваа 3 победи.

Најубедливи беа генерацијата 2006 против скопски ФК Сарај со 7:0. Генерацијата 2008 славеше над ФК Куманово со 1:0, додека генерацијата 2005 забележа една победа и еден пораз. Победници беа во дуелот против екипата на ФК Фиери од Албанија со 4:0, додека загубија од екипата на ФК Еврофудбал од Охрид со 0:1.

Претходно, младите штипјани забележаа четири победи, против албански Фиери и ФК Сарај со генерацијата 2004, против ФК Фљамуртари од Струга со генерацијата 2008 и против ФК Метеор со генерацијата 2006.

Овие резултати и честите државни и меѓународни турнири на кои учествува Академијата се доказ дека Штип треба да се гордее со една успешна приказна на една успешна детска фудбалска школа.

 

 

SHARE

LEAVE A REPLY