Германија им кажа збогум на 6 милиона дизел возила – Колку од нив ќе завршат во Македонија третирајќи не како депонија !

Германија ги чисти патиштата од старите дизелаши, последната понуда е субвенција до 10.000 евра за купување нов автомобил, па се очекува до крајот на годината околу 6 милиони германски половни возила да го преплават европскиот пазар. Најголем дел од нив, речиси со сигурност ќе завршат во посиромашните земји, како балканските, меѓу кои е и Македонија.

Според статистиката, по германските патишта во моментот возат околу 15 милиони дизел автомобили кои ги исполнуваат евро 4, евро 5 и актуелниот евро 6 еколошки стандард. Од нив, 6,7 милиони одговараат на евро 4 регулатива, други 6 милиони ги задоволуваат евро 5 прописите, а останатите се од највисоката еколошка класа. Како што пишуваат германските медиуми, возилата со евро 4 стандард ќе треба да бидат отшлепани на отпад или продадени во други земји инаку нивните сопственици ќе треба да плаќаат поголем данок и поскапа регистрација за нив. За автомобилите со евро 5 и евро 6 стандард, производители ќе овозможат бесплатна надградба на софтверот за да се постигне помало загадување на воздухот со штетни гасови.

Во земјава се регистрирани 383.833 автомобили. Најголем дел или 209.122 се бензинци, а 163.038 се со дизел мотор. Најзагрижувачки е тоа што бројот на дизелашите во 2015 година е дуплиран во споредба со нивниот број во 2011 година, кога тој изнесувал 85.426 возила.

LEAVE A REPLY