Грција: Италијанец и Албанец уапсени за шверц на два тони марихуана !

Грчката крајбрежна стража на островот Китира уапси двајца странци, еден Италијанец и еден Албанец, пишува Екатимерини. Апсењата беа извршени откако властите заплениле два тона канабис која што била сместена на јахта и пловела кона јужниот брег на островот.

Официјалните претставници на крајбрежната стража соопштија дека бродот ја напуштил Италија, а ја натоварил дрогата во Албанија и морал да стигне до егејските острови.

LEAVE A REPLY