Димитар Ѓоргиев со победа во Сараево

Поранешниот светски првак, Димитар Ѓоргиев, кој долго време тренира заедно со штипскиот кик-бокс клуб Гладијатор, во рамките на Меѓународниот турнир Сараево Фајт 3, во категорија до 80 кг славеше над хрватскиот претставник, Жељан Јешиќ во Суперфајт мечеви по К-1 правилата на Сараево фајт 3.

Од останатите македонски претставници, Милан Кубин во категорија до 90 кг со одлука на судиите загуби од Бахрудин Махмиќ од Босна и Херцеговина.

Бобан Илиоски, пак, во категоријата до 72 килограми е поразен од Чедо Пантиќ, исто така од Босна и Херцеговина, кој во полуфиналето се сретна со Србинот Новак Радуловиќ, но поради повреда мораше да ја предаде борбата.

SHARE

LEAVE A REPLY