Започна експедицијата на Тошо Антов на Мон Блан

Започна меѓународната експедиција за искачување на кровот на западна Европа, Мон Блан, од која дел е и кочанскиот планинар Тошо Антов.

Според програмата, планинарите денеска заминуваат за Италија, каде се аклиматизираат во планинарскиот дом Мезалама на 3.008 метри надморска височина, по што на 14 август започнуваат со искачување на врвот Полукс со 4.086 метри височина, по што се враќаат на Рочио Нера, во чија близина преноќуваат. Искачувањето на кровот на западна Европа е планирано за 19 август, а целата акција ќе заврши на 22 август.

SHARE

LEAVE A REPLY