Затруените европски јајца добија глобални размери на скандал – Ги има во 15 земји на ЕУ но и во Хонг Конг и Швајцарија !

Скандалот со затруените холандски јајца се шири низ цела Европа. Европската комисија информира дека јајцата контаминирани со инсектицидот „фипронил“ се нашле на пазарите во 15 земји членки на ЕУ, како и во Хонг Конг и во Швајцарија.

Во Холандија веќе се уапсени две лица, а повеќе од 180 фирми за живина се затворени. Инсектицидот е опасен, бидејќи може да ги оштети бубрезите на луѓето, црниот дроп и тироидните жлезди.

Од македонската Агенција за храна и ветеринарство тврдат дека отровни јајца на македонскиот пазар, нема.

LEAVE A REPLY