Земјоделски синдикат од Италија ќе отвора канцеларија во Македонска Каменица

Синдикатот за земјоделие од Пијамонте Италија ќе отвора канцеларија во М Каменица за да се олесни административната процедура на лицата кои сезонски одат во оваа земја и работат земјоделие. Ова денеска го истакна претстваник од агросиндикатот на областа Пијамонте на Деновите на дијаспората кои по четврти пат ги осбра иселениците од регионот на туристикиот комплекс Еленец.

  • Ние сакаме да отвориме канцеларија за да помогнеме на нашите работници за полесно обезбедување документи, бидјеќи кога се поднесуваат документи, работниците мора од јануари до март во тековната година да дојдат во Италија и да поднесат апликација за да обезбедат документи за работа, а со оваа канцаларија ќе им го олесниме процесот и нема да треба да доаѓаат во Италија. Ние обезбедуваме помош од секаков вид и за обновување документи и за раѓање дете и за болест, изјави Цицијано Кроко- Синдикат за земјоделие Пијамонте Италија.

Синдикатот на земјоделие во Италија се грижи за сите видови проблеми на работниците,има повеќе од 200 илјади ченови, додека над илјада Македонци се членови на Синдикатот за земјоделие. За сеознските работници кои обезбедуваат егзистенција работејќи по италијанските лозја е добра вест, а дека нивниот број од регионов е голем потврдува и превозникот кој ги носи на печалба во Италија.

  • Одат сезонски од регионот околу 2-3 илјади , во мај одат остануваат 2-3 месеци пота одат во септеври на берба кога стануваат по 1 месец  и се враќаат, кажа  Станко Цонев, Метак транс.

Иселеничката средба донесе на Еленец стотици иселеници од регионот, но ги поврза и со оние кои останале да живеат во родниот крај.

  • Убаво е овде, одлична можност да се видиме со нашите пријатели, кажа  Благица Захариева, иселеник во Италија.
  • Најмногу одат во странство, бидејќи овде е скапо, смета Фиданчо Захариев, иселеник во Италија.

Општината по четврти пат ги организира деновите на дијаспората.

  • Со поддршка на Здружението на иселеници во Италија ги приганизиравме овие денови, истакна Дарко Митевски, градоначалник на М. Каменица.

За гостите се светеше и славски колач во манастирот Покров на Пресвета Богородица, а се подготвуваше и традиционален ручек манастирска манџа, а и со македонската музика,  да ги потсети иселениците на родниот крај. Но на Еленец, општината сака да го слушне и гласот на иселениците за да им овозможи услови тие да се вратат дома или да инвестираат во родниот крај.

SHARE

LEAVE A REPLY