Косово: Над 160 бивши борци на УЧК се соочуваат со затвор од меѓународниот суд !

Повеќе од 160 лица од албанска националност се обвинети за воени злосторства на Косов во српското Обвинителство за воени злосторства, пишува денеска весникот „Блиц“.

Станува збор за припадници на ОВК, кои се осомничени за злосторства врз српско и неалбанско население за време на судирите на Косово од крајот на 1997 година до завршувањето на НАТО бомбардирањето во 1999 година.

Истраги во Србија се водат против Хашим Тачи, сегашниот косовски претседател и Рамуш Харадинај. Весникот наведува дека освен нив под сомнение се и Агим Чеку, командант на ОВК, братот на Рамуш Харадинај, Даут Харадинај, Сулејман Селими, Фатмир Лимај, Харадин Баљај, Љах Брахимај, Јакуп Красниќи, Нуредин Баљај, Сулејман Селими, Азем Суња, Сахит Јаша…

Тачи е познат како предводник на дреничката група, која функционирала како дел на ОВК, а потоа и како криминален клан, пишува „Блиц“, додавајќи дека исто е и со Харадинај, кој бил водач на метохиската група.

LEAVE A REPLY