Освен од студенти, штипскиот универзитет има потреба и од асистенти

Освен од студенти, штипскиот универзитет има потреба и од асистенти, но и од друг вид на наставно научен кадар. Само во овој момент на УГД му требаат десетици стручни кадри, за комплетна реализација на студиските програми.

  • Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип има потреба од вработување на асистенти, како и на млади професори, доценти, и таа бројка се движи во рамките на 100 до 150 луѓе, кои може универзитетот во секој момент да ги прими за она што значи поквалитетно образование на овој универзитет и мислам дека е доволно добра прилика за младите доколку се отвори еден ваков процес, да влезат во овој универзитет кој има можности да ги прифати, изјави Блажо Боев, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Иако засега можност за нови вработувања на УГД нема, ректорот вели дека во идно време универзитетот би бил отворен за сите млади и образовани кадри.

  • Сите оние кои имаат квалитетно образование и сите оние кои имаат образование завршено не само на нашите универзитети, не само во Република Македонија, туку и било каде, завршено квалитетно образование, истакна ректорот Боев.

УГД во моментов има 438 вработени на 13 факултети, а според светските стандарди соодносот предавач-студент треба да е многу поголем. И покрај тоа што УГД ги следи светските трендови за практична работа во помали групи, недостатокот на кадар претставува проблем на некои факултети ваквата пракса да се спроведе.

На Шангајската листа УГД е втора ренгирана високообразовна институција во Македонија со само 3 поени помалку од прворангираниот УКИМ.

SHARE

LEAVE A REPLY