Пратениците преплатени – советниците неплатени

Двоен аршин за народните претставници во парламентот и некои општински совети. Едните, тежат од пари и привилегии, другите со месеци работат без да им се исплати законски определениот паушал.

Класичен пример за тоа е состојбата во Берово и Делчево, каде пратениците, добиваат месечна плата од околу 60.000 денари.

Само за бензин , за 320 -те поминати километри до и од Скопје добиваат  по 6.024 денари дневно. Месечно, тоа е околу 103.000 денари, за патни трошоци.

Вкупно, за еден месец работа, тие во џеб ставаат по околу 170.000 денари или близу 3.000 евра.

Од друга страна, 15-те советници во делчевскиот совет, 13 месеци работат без да им се исплати ниту денар. Општината им должи по 140 илјади денари на секој од нив или вкупно над 2 милиони денари:

  • За мене поголем проблем се што тој го минимизраше советот и не доаѓаше на седници за да одговара на прашањата на советниците, кажа Горан Трајковски, советник од СДСМ.
  • Од каде му толкава храброст или политичка некултура на градоначланикот да се однесува дрско и безробразн кон советот и од 52 седници само на неколку присуствувал и во поновата историја на Делчево, не е забележано толку да не си ја поитува инститцијата совет. Советот тежи 12 илјади гласа, а градоначланикот  само 6 илјади гласа, кажа Фиданчо Младеновски, советник од НСДП.

Кога и дали до крајот на мандатот на актуелниот градоначалник Дарко Шехтански ќе им се исплатат заостанатите паушали на советниците, од надлежните служби не добивме информација.

И додека едните избрани од народот работат за џабе, другите се со примања достојни и за високите европски стандарди.

 

 

SHARE

LEAVE A REPLY