Струмица: Во потера по можни крадци, полицаец со службен пиштол ранил двајца тинејџери од кои еден сериозно !

Седумнаесет годишно момче од Радовиш е тешко повредено и е префрлено на клиниките во Скопје, откако попладнево во него пукал полицаец со службен пиштол. Друго момче е повредено во нога. Полицаецот тврди дека пукал во самоодбрана и со еден куршум ги ранил двајцата. Инцидентот се случил кај градската капела во Струмица.

Според информациите, момчињата од Радовиш со двајца нивни другари биле осомничени за кражба кај браната Мантово, радовишко и бегале од полицијата.  Биле пресретнети со две возила на земјениот пат кај капелата на струмичките гробишта.При обидот да биде приведен, момчето од Радовиш наводно го нападнал полицаецот кој испукал еден куршум, што ги погодил двете момчиња, едното во градниот кош, а другото во нога.

МВР потврди за инцидентот, но рече дека во интерес на истрагата не сака да соопшти повеќе детали. Нивни екипи вршат увид за да утврдат дали имало пречекорувања во овластувањата на полициските службеници. На лице место се и повеќе тимови од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења.

LEAVE A REPLY