Брус Вилис ќе „умира машки“ по шести пат !

И во шестиот дел од познатиот филм „Умри машки“ (Die Hard) актерската легенда, Брус Вилис се подготвува повторно да влезе во улогата на полицаецот Џон Меклејн, соопшти Contactmusic.

62-годишниот актер беше ѕвезда во првиот филм од серијалот, кој се појавува на екраните во 1988 година, а е снимен по романот „Nothing Lasts Forever“ на Родерик Торп.Неговото последно засега учество во филм од истиот серијал е во „A Good Day to Die Hard“, прикажан во 2013 година.

Пред две години беше објавено дека се подготвува нов филм од серијалот, во кој еден дел ќе се разработува што претходело на дејството од првиот филм, а другиот ќе се случува во денешни денови.

Кастингот за новиот филм веќе започна. Режисер ќе биде Лен Вајзма. Сé уште не е избран актерот кого младиот Меклејн ќе го игра.

LEAVE A REPLY