Политиката ги брка младите од земјата: 68% би заминале а 20% веќе се селат !

Младите и образование кадри масовно заминуваат од земјава. Дури и оние кои остануваат размислуваат да заминат надвор во потрга по подобри услови за живот-овие поразителни заклучоци ги покажува анкетата на Институтот за стратешки истражувања и едукација.

Дури 68 % од анкетираните високообразовани кадри во Македонија би ја напуштиле земјата доколку им биде понудена работа во странство, а 20 отсто веќе имаат преземено конкретни активности за напуштање на држвата.

Според познавачите земјава издвојува многу малку за научно-истражувачка дејност што директно влијае на економскиот раст и иселувањето.Според анкетата 70 % од испитанците во кои најголем број се реномирани и високообразовни универзитетски професори се изјасниле дека Европа и Северна Америка е најпосакуваната дестинација за продолжување на нивното творење, а додека 45 отсто од испитаниците би останале засекогаш во странство.

Бавен процес на напредокот во кариерата, низок стандард и немање на соодветни услови за работа особено во процесот на подготовката на научните трудови, како и олати кои не одговараат на квалификациите. Ова според дел од експертите се клучните причини зошто континуирано се зголемува одливот на високообразовен кадар од Македонија во странство.

LEAVE A REPLY