Природа и здравје – Лук против тртки

Лукот одамна ја освои титулата домашен исцелител. Тој е богат извор на витамини, минерали, амино киселини, етерични масла и растителни масти.

Народните исцелители советуваат да се користи лукот не само за борба против настинки и инфекции, туку и кај тртки и габични инфекции. Денес ќе ви претставиме еден лесен рецепт кој ќе ви помогне да се ослободите од „дефектот“ на кожата предизвикан од еден вид папилома вирус.

За да се ослободите од нив, потребна ви е едноставна паста од лук и парче чиста газа.

Можете да почнете да ја третирате погодената област со тоа што ќе ја триете со парче чешне лук. По неколку дена, почнете да ја ставате пастата од лук, или користете налепница на која сте ставиле исечен лук.

Ако почувствувате горење или чешање – отстранете го. Исплакнете го местото со млака вода и нанесете  масло или козметички вазелин. Следниот ден повторно ја постапката.

Имајте на ум дека лукот агресивно гори и не треба да претерате со овој третман. Постапката практикувајте ја две недели или додека не ги добиете посакуваните резултати. Единствената лоша работа на овој природен лек е мирисот, но резултатот  е достоен за тоа.

Напомена:

Имајте на ум дека овој лек е погоден за отстранување на тртки кои се на кожата. Ако се на  гениталиите, не треба да се користи. Подобро да не ја одложувате посетата кај лекар.

SHARE

LEAVE A REPLY