Антонија Андоновски трета на пливачки турнир во Србија

 

Антонија Андоновски освои трето место во категорија на 100 метри делфин на меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник“ во Лесковац, Србија. Останатите пливачи на штипскиот ПСК „Челични“ имаа исто така високи пласмани од петто до петнаесетто место во своите категории и дисциплини.

На турнирот во Србија настапија вкупно 497 пливачи од 27 клубови од Бугарија, Србија и Македонија.

SHARE

LEAVE A REPLY