Кочанските планинари го искачија Козјак

Четворица членови на кочанскиот планинарски клуб ПСД Осогово организираа еднодневна акција за искачување на врвот Козјак на планината Бабуна.
Врвот Козјак со 1.746 метри височина е највисок врв на оваа планина.
Бабуна се протега на север од врвот Голи Рид, па се до превојот Плетвар на југоисток. Билото има динарски правец на протегање, што значи дека е дел од Динарскиот венец. Во средишниот дел е позната како Мукос Планина со највисок врв Лута, а на запад Бабуна продолжува во планината Злато.
Планинарските клубови од Истокот годинава имаа многу силна сезона, при што Осогово, Москито и Голак го искачија големиот Гран Парадисо, а Осогово и Москито беа и на Мон Блан, Твин Пикс, како и на регионалните Олимп, Рила и Пирин.

SHARE

LEAVE A REPLY