Оспорен натпревар од 7-то коло на Втората лига Исток

Оспорен е натпревар од седмото коло од Втората лига Исток. Второлигашот Кожуф од Гевгелија поднесе жалба поради прекршување на правилата од страна на Тиквеш. Имено, на последниот натпревар меѓу второлигашите, Тиквеш не го завршил првото полувреме од натпреварот со двајца младинци, иако ФФМ го бара тоа од тимовите. Во 44. минута, Тиквеш направил измена и повлекол еден од младинците.
Од Кожуф бараат мечот кој заврши со 1:1 да биде регистриран со службени 3:0 во корист на Кожуф.
Следното коло од Втората лига Исток ќе се игра на 14 октомври, каде екипата на Каменица Саса ќе се сретне токму со Тиквеш.

SHARE

LEAVE A REPLY