Брегалница во сабота се среќава со ривалот Беласица

Брегалница во сабота ќе се сретне со ривалот Беласица во рамките на осмото коло од Втората македонска лига Исток.

Беласица е прва на табелата со 19 бодови. Има шест победи, едно реми и ниту еден пораз.

Наспроти струмичани стои Брегалница со 17 бодови, заработени преку 5 победи и 2 ремија.

Евентуална победа на штипјани, Брегалница ќе ја постави на првата позиција на табелата со 20 бодови. Од друга страна, доколку слави Беласица, таа ќе биде убедливо прва со 22 бода, со што ќе си го резервира лидерството на табелата за следните 2 кола.

Интересен податок е и тоа што натпреварот ќе се одигра од 19 часот, со што ќе стане втор натпревар на Брегалница под рефлектори, после полуфиналето во Купот од минатата сезона.

Инаку, во рамките на втората лига денеска не се одигра средбата меѓу Хоризонт Турново и Победа од Валандово поради неплатената котизација на Хоризонт, но ФФМ сеуште не го отстранува клубот од официјалниот распоред.

SHARE

LEAVE A REPLY