ВИДЕО: Девојки во секси пози рекламираат марихуана од најголемото шверцерско село во Албанија !

Албанското село Лазарет за кое се сметаше дека е еден од најголемите произведувачи на марихуана ширум подрачјето на Балканот во 2014 година три дена беше жариште на вистински судир на полицијата и мештаните.

Лазарет со години имаше одреден вид на автономија и албанската полиција таму едноставно не стапнувала, додека бизнисот незапирливо растеше.За ова албанско село пишуваа и „Гардијан“, „Дејли меил“ но и Дојче веле.Со селото господареа локални нарко моќници и нивни чувари, а колку биле моќни сведочат и фактите дека Албанија тогаш на село испратила и цела армија.

Насловните страни на медиумите беа полни со приказни за тоа како мафијата дури и со „зољи“ ја гаѓаше полицијата во оклопни возила кои одеа во „заземање“ на Лазарет. Добро организирани и тешко вооружени мештаните се бранеа со денови, но албанската полиција со поддршка на војската беше посилна и Лазарет на крајот падна. Тогаш се запленети преку 12 тони марихуана.

Па сепак, тоа не беше единствено место во Албанија кое ја производство и шверц на марихуана ја темели својата економија.

За ова сведочи и Фејсбук страницата Albania Weed, на која доминираат фотографии од плантажи со марихуана од различни албански, неименувани села.

Судејќи по она што на нив може да се види, бизнисот цвета, а дури во маркетинг се вклучиле и убави Албанки, берачки на забранети супстанци.

 

 

LEAVE A REPLY