ВИДЕО: Турскиот претседател Ердоган заспива додека говори украинскиот колега Порошенко ?

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган речиси заспа на конференција за новинарите со претседателот на Украина, Петро Порошенко.

Додека неговиот украински колега одговараше на прашањата на новинарите на конференцијата за медиумите, Ердоган се мачеше да остане буден.

На снимката, која за брзо време стана исклучително популарна на социјалните мрежи, се гледа како Ердоган се обидува да не заспие, но сепак ја губи битката со дремката.Во еден момент Порошенко дури удрил со раката по маса.

По средбата на двајцата претседатели Ердоган кажа дека Турција нема да ја признае руската анексија на Крим, како и дека Анкара го почитува територијалниот интегритет на Украина.

LEAVE A REPLY