Водовод за плачковичките села најави кандидатот Минов

Поставување на водоводна линија во сите плачковички села, најави кандидатот за градоначалник за Карбинци од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Минов:

  • Со овој проект, се зафаќаат водите од врвот на Плачковица, односно опфаќа повеќе населени места. Меѓу нив се населбата Врштешка, селата Парналија, Кучица, Ебеплија, Кепеклија, Калузлија се до селото Козјак. Советот на општина Карбинци во претходниот состав има донесено одлука за овој проект, а обезбедени се и средства во висина од 440.000 евра преку Министерството за транспорт и врски, изјави Зоран Минов, кандидат за градоначалник за Карбинци од ВМРО ДПМНЕ .

 

SHARE

LEAVE A REPLY