Два дена до крајот на изборната кампања. Политичарите во Штип на терен

Два дена до крајот на изборната кампања. Политичарите во Штип на терен. Левица најави низа проети за зајакнување на улогата на младите и подобрување на ноќниот живот во Општината:

  • Штип како универзитетски град е срамота да има толку лош ноќен живот. Млад човек нема каде да излезе, немаме кино, мултимедијалниот центар не се користи за намената, домот на млади е со слаба активност. Наша заложба ќе биде градот да добие кино, да го активираме мултимедијалниот центар и да се зголеми буџетот на домот на млади, кажа Борислав Крмов, носител на советничка листа на Левица за Штип.

Од ВМРО ДПМНЕ на средба со граѓаните пораќчаа дека на 15 октомври народот ќе знае да ја препозне разликата меѓу делата на ВМРО и ветувањата на владата на СДСМ:

  • Оваа влада за три месеци го распродава тоа што е создавано со векови, нема ништо од економските ветувања, нема најава за нови фабрики, нови вработувања, повисоки плати. Затоа треба масовно да се излезе на гласање и да се заокружи бројот 13 тоа е сигурен избор и за Македонија и за Штип и за Истокот, кажа Владимир Ѓорчев, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.
  • Ние како идни советници секојдневно се среќаваме со граѓаните. Вечерва ја барама подршката од жителите на централното градски подрачје за поддржка за бројот 13, кажа Иван Јорданов, носител на советничка листа на ВМРО ДПМНЕ за Штип.
  • Она што го сработивме последнива четири години, 450 проекти, дадоа резултати. Граѓаните ги прифатија тие проекти, зашто им решија нивни проблеми, им овозможија подобро да живеат во нашиот град. Расположението е позитивно, а поддршката на 15 октомври ќе биде огромна, кажа Илчо Захариев, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Штип.

На прес конференција, кандидатот Захариев најави воведување на јавен градски превоз:

  • Локалната самоуправа ќе субвенионира 50% од автобуската карта. Ние веќе имаме и заинтересирани компании за тоа. Ќе имаме дневен превоз од Три Чешми, од Чардаклија секојдневно, како и од Стар Караорман, а ќе ја поврземе и општина Карбинци со секојдневен превоз од Таринци и Карбинци. Исто така ќе ги поврземе и населбите од градот, Баби, Сењак, Автокоманда со центарот на Штип, во делот на Лакавичко до селата ќе има секојдневен превоз а за Овчеполските села, Врсаково и Криви Дол ќе организираме превоз за време на викендите. Мислам дека на овој начин ќе се помогне и на учениците и на студентите и на пензионерите, кажа Илчо Захариев, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Штип.

Носителот на листа Јорданов, зборуваше за проекти во образованието:

  • Реконструкција на СОУ „Коле Нехтенин“, доградба на ОУ „С.Арсов“, замена и реконструкција на прозорци во ОУ „Т.Арсов“, изградба на мала спотска сала во училиштето во Три Чешми, адаптирање на магацинските простори во СОУ „Коле Нехтенин“ за потребите на СОУ „Д.Мирасчиев“, изградба на нови и реконструкција на постојните спортски терени во СОУ „Коле Нехтенин“ и  СОУ „Ј.Сандански“, кажа  Иван Јорданов, носител на листа на ВМРО ДПМНЕ за Штип.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Бочварски заедно со лидерот на Обединети за Македонија, беше меѓу жителите на Железничка:

  • Немаат доволно вода за пиење, односно немаат сите вода за пиење, канализацијата е проблем, дел од уличното осветлување исто така, сметот не се чисти доволно, има диви депонии. Озеленувањето на населбата е многу важно, но и решавање на клучниот проблем -–вработувањето, рече Благој Бочварски, кандидат за градоначалник од СДСМ за Штип.
  • Овде сум за да ги повикам моите браќа од ВМРО ДПМНЕ да гласаат за Бочварски како градоначалник. Тоа е многу важно во овие исклучително тешки моменти за Македонија, не само Штип, туку и целата држава треба да се издигне од пепелот кој го остави режимот на Груевски, кажа Љубе Бошковски, прет. на ОМ.

По ова следуваше прес конференција на СДСМ која започна со прашањењто: Што направи Захариев во 4-годишниот мандат:

  • Ја деградираше целата локалана администрација и сам со 4 послушници околу него, владееше со градот; се изработуваа ДУП, исклучиво по нарачка на Захариев, а за потребите на урбаната мафија; ја злоупотреби службената положба при издавање на акти на општината; селективен однос кон компаниите при што фаворизира неколку, а останатите брутално ги рекетира (за ова постојат изјави и сведоци, па МВР и Судот ќе имаат полни раце работа и колекцијата на Захариев од 41 кривична пријава значително ќе му се зголеми); фирмата што врши стручен надзор прави експериза по нарачка на Захариев, а неговиот најдобар другар од Делчево е одговорен инженер. Илчо ќе нарача, а другарчето ќе испорача. За Илчо Захариев законите не важат, кажа Билјана Казанџиска , член на СДСМ – Штип.

На ова писмено реагираше Захариев:

„… Изработувањето на Детални урбанистички планови се прави преку законска процедура, прво со расправа на седница на Комисија за урбанизам, а потоа на седница на Совет. За тоа постојат стручни служби во одделението и во секторот за урбанизам. Секој граѓанин, во секое време може да направи увид во секој урбанистички план без никаква пречка. Што се однесува до вршење на надзор, до сега повеќе од седум фирми учествувале во различни постапки и тоа не само од Штип, туку и од други градови во Македонија. На јавните конкурси кои ги спроведува општината може да се пријави која било фирма. Тоа го гарантира Законот, а имајќи предвид дека денес сите постапки се водат електронски, тоа може и да се провери. Општината има голем интерес за реализација на проекти да конкурираат што повеќе фирми бидејќи при електронска аукција значително се намналува цената на чинење што е во интерес на општината. На крајот, само ќе кажам: Можат да поднесат уште 100 кривични пријави, но за жал тие нема да му донесат поголем рејтинг на младиот Бочварски. Напротив, тоа уште повеќе ги иритира граѓаните кои јасно гледаат како власта се злоупотребува и тоа на само неколку дена пред изборите…“

Бочварски ја информираше јавноста за поднесување на нов закон за зеленило:

  • На овој начин ќе овозможимезеленило на секоја градежна парцела, за да нема узурпирање на целиот простот. На локален план продолжуваме со враќање на парите кон граѓаните освен намалување на цената на водата за 10 отсто, ќе воведеме и линиски градки превоз до околните села, пензионерите ќе добијат еден ден бесплатно користење на услугите на бањата и бесплатен превоз до таму, најави Благој Бочварски, кандидат за градоначалник од СДСМ за Штип.

SHARE

LEAVE A REPLY