Изборна кампања во Македонска Каменица

Кандидатот за градоначалник за Македонска Каменица од ВМРО ДПМНЕ, Дарко Митевски, најави повеќе инфраструктурни проекти за Стара Каменица.

  • Патот од Крапевски маала до Растипцевска маала ќе биде проширен на 4,5 метри и тоа во 2018 година. За тој проект имаме подготвено документација, имаме обезбедено финансиски средства, и веќе псоле изборите ќе започнеме јавна набавка и веќе во пролетниот период ќе стане реалност. Ќе изградиме уште една зграда за месната заедница во овој дел од нашата општина, покрај онаа која што веќе ја имаме реновирано во Стара Каменица. Исто така сакам да најавам дека ќе породлжиме со проектот „Асфалтен пат до секоја куќа“ и секоја една куќа во Стара Каменица до која досега не успеавме да асфалтираме пат поради имотно правните проблеми, дека тоа ќе го направиме во наредните неколку години, вели Дарко Митевски, кандидат за градоначалник за М. Каменица од ВМРО ДПМНЕ.

SHARE

LEAVE A REPLY