Лекари од Источниот регион и округот Благоевград формираа заеднички здравствен кластер

Формиран првиот здравствен кластер меѓу Македонија и Бугарија. Во него членуваат лекари специјалисти и универзитетски професори од двете страни на границата:

  • Основна цел на кластерот е што повеќе да се зближат двете страни, да се воспостават врски помеѓу лекарите од двете страни на границата, изјави Драгица Здравева, рак. на Центар за развој на ИПР.
  • Истиот ќе работи во правец на зајакнување на соработката меѓу приватните и јавните здравствени установи, кажа Слоботка Јанев, Клиничка болница – Штип.

Здравствениот кластер е формиран во склоп на проект кој го спроведува Центарот за развој на Источниот плански регион.

Преку него, е набавена и здравствена опрема за Клиничката болница во Штип и Болницата за онкологија во Благоевград :

  • Ние купивме апарат која се стави во функција на Специјализираната болница за онколошки болести во Благоевград. Исто така, се набавија неколку апарати за одделението за уво, нос и грло во Клиничката болница во Штип, вели д-р Саби Хаџиев, прет. на Лекарска комора- Благоевград.

Станува збор за апаратура, која е од големо значење за пациентите од Благоевградската област:

  • Апаратот веќе е стигнат во нашата болница, ќе се користи во областа на хирургијата и ќе помогне да се скрати времето потребно за операција, изјави д-р Ѓорѓи Ѓорѓиев, дир. на Клиника за онкологија – Благоевград.

Освен формирање на кластер и набавка на опрема, заедничкиот проект има за цел да ги задржи младите лекари дома, проблем со кој се соочуваат и Македонијан и Бугарија.

 

SHARE

LEAVE A REPLY