Митинг на ВМРО ДПМНЕ и прес на СДСМ во Делчево

Новата ера ќе донесе 150 илјади нови работни места во Македонија и пад на невработеноста под 10 проценти, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Делчево.

  • Ќе можеме и наредната декада од да ја смалиме невработеноста од 22 проценти на 10 проценти и да отвориме најмалку 150 илјади нови работни места. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари просечно по глава на жител. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции, истакна Никола Груевски, претстедател на ВМРО ДПМНЕ.

Од Делчево , Груевски најави два нови проекти на ВМРО ДПМНЕ

  • Стекнување на сопствен дом, кој е значаен посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Втората компонента на овој Проект се однесува за надградба на постоечки куќи. Исто така прредвидуваме отпис на долгови за социјално загрозени семејства. Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, кажа Груевски.

Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО ДПМНЕ, најави реформи во општинската админситрација и ефикасна администрација која ќе биде сервис за граѓаните, како и продолжување на проектите во Делчево

  • Јас најодговорно стојам пред вас, исправен, со големо ветување, дека се што е започнато ќе биде завршено во овој мандат, но исто така и многу нови работи ќе започнеме. Додека сум градоначалник на Делчево, никогаш нема да дозволам на само 2-3 километри од центарот на Делчево, лугето да газат во кал, нема да дозволам една улична светилка да не свети, кажа Иван Соколов, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Делчево.

На митингот беа претставени и кандидатите за советници во општинскиот совет, а свое обраќање имаше и носителот на листата Сашко Ивановски.

  • Целосно ќе се вложиме и неуморно ќе работиме сите за да направиме една улица повеќе, еден тротоар, една канализација, една училница или еден исделеник да вратиме назад, истакна Сашко Ивановски, носител на советничка листа на ВМРО ДПМНЕ за Делчево.

На средба со делчевските пензионери денеска беше кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО ДПМНЕ, Иван Соколов. Тој најави отворена поддршка на делчевските пензионери во реализација на нивните активности:

  • Да се субвенционира редовна автобуска линија во сабота, кога е пазарен ден во Делчево, да се носат пензионерите од околните места и потоа да се враќаат. Овие луѓе заслужуваат вакво нешто, кажа Соколов.

Попладнево, Соколов имаше средба со Ромите, во организација на НВО КХАМ.

Проектот современ градски пазар во Делчево  денеска го промовираше кандидатот з аградоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски. Според предвидениот проект, градскиот пазар ќе се протега на површина од 4350 м2 каде се предвидени повеќе содржини, паркиралиште ипростор за дотир на стока и за такси  превозници.

  • Самиот проект се состои од два дела. Едниот е затворен кој се протега на 1.650 м/2 и во чиј состав влегуват тоалети, маркети, угостителски објекти, занаетчиски дуќани и катче за забава за најмладите. Вториот дел е т.н. отворен пазар каде се поместени тезгите, поставени во форма која овозможува непречено движење и разгледување на изложеното, изјави Горан Трајковски, канддат за градоначалник на Делчево од СДСМ.

Според програмата на Трајковски Делчево треба да добие современ градски пазар до крајот на 2019 година.

SHARE

LEAVE A REPLY