На Премиер лигата во Салзбург без особени промени за нашите каратисти

 

Премиер лигата во Салзбург помина без особени промени за македонските каратисти.

Моника Стефановска стигна најдалеку, откако се пласираше на четвртата позиција во категорија до 68 килограми.

Жарко Арсовски имаше две победи, но загуби во репасажот и заврши на седмата позиција. Останатите каратисти не постигнаа особени резултати при настапите.

Инаку, на минатите две кола најдобри резултати имаа Симона Заборска и Берат Јакупи.

Колку каратисти ќе успеат да се пласираат во Токио 2020 е сеуште многу неизвесно, но со досегашниот тренд Македонија би можела да настапи во Токио со најголем број на спортисти на едни Олимписки игри досега.

SHARE

LEAVE A REPLY