Потребни се темелни реформи во судството, кажа во Штип судијата Саити

 

Проблемот во мешањето на власта во судството лежи во интегритетот на судиите. Обиди за влијание врз судиите има и во најразвиените демократски држави, но решението на проблемот поаѓа од самите судии, кои треба својот и интегритетот на судската власт да го бранат со сите системски расположиви средства, сметаат судиите.

  • Тоа се теми кои сега се отвараат во поголем обем, но таа е практиката која што секогаш може да биде присутна и од било која власт, но прашањето на интегритетот на судиите, како реагираат на евентуални такви влијанија од страна на било која од властите, но сепак во поддрѓка на тој интегритет треба да бидат и законските и статусни гаранции, кои ги имаат судиите, за да бидат поотпорни од можните такви влијанија, изјави Џемали Саити, судија во Врховен суд на РМ.

Здружението на судиите ја поддржува и активно учествува во владината стратегија „3-6-9“ во поглед на правосудните реформи, во чие креирање учествувале и самите судии.

  • Во фокусот се ставија дисциплинската одговорност на судиите, како таа да се објективизира, да се доуреди и да биде транспарентна. Се става фокусот во евалуацијата, унапредувањето, оценувањето на судиите, но и кај прашањата од функционален карактер, како прашањата за организацијата на судството, нормата и тн., кои имаат директно влијание врз независноста на судството и судиите, вели Саити.

Инаку денеска, здружението на судии и американската амбасада организираа работилница токму на овие теми во Правниот факултет во Штип, на која учествуваа судии, обвинители и универзитетски професори.

SHARE

LEAVE A REPLY