Реновирана детската соба во штипската болница

Реновирана детската соба, која се наоѓа на хирушкото одделение во штипската болница. Новиот амбиент е со цел, болничкиот престој на најмалите да се направи попријатен :

  • Реконструкцијата опфаќа тапетирање на собата, набавка на мало креветче, постелнини за сите кревети, нов под, завеси, сијалици и слично, кажа Марина Шуманска, портпатол на Клиничка болница – Штип.

Реновивањето на детската соба е заеднички проект на болницата и на повеќе штипски компании, коли донирале пари или инвентар за нејзино уредување.

Во подобри услови отсега овде ќе се лекуваат меѓу 50 и 100 дечиња годишно:

  • Собата ќе се користи за дечињата на уролошкото одделение, на хирушкото одделение и на одделението за неврохирургија, кажа Шуманска.

За новиот изглед на детската соба на хиругија, потрошени се над 100.000 денари.

 

SHARE

LEAVE A REPLY