Три дена културно туристички саем во Штип

Од утре до недела, во Штип ќе се одржи културно туристички саем. На едно место, ќе се соберат љубителите на традиционалната храна од Штип и Осоговијата. Сите посетители ќе можат да бидат дел од планираните кулинарски работилници:

  • Една од работилниците ќе биде за органска храна, каде што посетителите на лице место ќе може да дегустрираат и да купат органска храна. Исто така ќе има работлници каде што ќе има готвење, објасни Горица Штерјова Прет. на НВО „ЛМО“.

На културно туристичкиот саем ќе присуствуваат и гости од Бугарија:

  • Ќе ги презентираат своите производи на штандовите, а ќе се приготвуваат и некои нивни благи слатки. Исто така, ќе се подготвува и готова храна од етно рестораните во Бугарија. Ќе биде многу интересно заеднички да споделиме традиционалната храна, музика и да научиме дел од нашата традиција, дополни Штерјова.

За најмладите се предвидени филмска и видео работилница, на коишто посетителите на саемот бесплатно ќе може да научат како да ги пласираат и рекламираат своите производи.

Саемот ќе биде отворен утре во 16 часот, а истиот ќе се одржи во хотел Изгрев. Истиот е во организација на невладината Лидери на малцинствата за општеството, во соработка со невладина организација од Бугарија. Средствата за овој настан се обезбедени преку Европските фондови.

SHARE

LEAVE A REPLY