Природа и здравје – Ублажување желудочни киселини и гастрит

Стрес, пушење, честа употреба на алкохол, некои антибиотици – ова се само дел од причините кои можат да предизвикаат киселина во желудникот, а истата претставува и основен симптом при гастритис.

Лесно, брзо и ефикасно можете да направите сами домашен лек кој значително ќе ви помогне доколку имате гастритис или ве мачи желудечна киселина.

Потребно ви е: 2 средни моркова ; 1 излупен компир ; 1 лажичка рендан корен од ѓумбир ; 1 зелено јаболко; неколку сливи ; сок од еден лимон ; мед.

Измешајте ги сите состојки без медот во сад, а медот додадете го по желба. Конзумирајте го овој коктел веднаш по појадокот секој ден. По 3-4 недели ќе забележите позитивен резултат, а нутриционистите препорачуваат да го земате најмалку 3-4 месеци.

 

SHARE

LEAVE A REPLY