Проблемите на Ромите се важни за Општина Штип

Општина Штип ќе помогне во решавањето на проблемите на ромската заедница. Ова е договорено на денешната средба на градоначалникот Бочварски со претставници на Националниот демократски институт и здружението Рома СОС.

Пред извесно време, беа детектирани клучните проблеми на Ромите во Штип. Меѓу нив се уличното осветлување, нерегулираниот сообраќај, хигиената во ромските населби, образованието и бездомништвото :

  • На денешната средба разговаравме во плановите за наредната година, самата општина да лоцира буџетски срества со коишто ќе може да се реализираат дел од активностите, кажа Несиме Салиоска, Рома СОС.

Барањето на НДИ и Рома СОС доаѓа во момент кога почнува креирањето на буџетот на општината за наредната година, во кој средства ќе има и за Ромите :

  • Ние ќе одвоиме буџетски срества за реализација на овие проекти, но неопходно е и тие преку нивни проекти да помогнат да се решат проблемите на ромската заедница во Штип, изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Во меѓувреме, во општина Штип се реализираат тековните проекти поврзани со ромската заедница кои беа планирани за реализација во претходниот период.

SHARE

LEAVE A REPLY