Природа и здравје – Маски за коса

Рецептите за маски за коса ги има во изобилство, тие можат да направат вистински чуда за слаба коса, коса без сјај, масна коса, сува коса.

И за жените кои се бремени или неодамна родиле – маските за коса се задолжителни.

Ви нудиме брза маски за коса дома – безопасна и многу поважно е тоа што не е скапа, а производите се достапни на било кој пазар или во било која продавница за храна. Покрај тоа, резултатите се загарантирани.

Маска со оцет и сок од лимон – ова е една од најдобрите маски за безживотно влакно.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 жолчки; 2 лажици јаболков оцет; 1 лажица сок од лимон; 1 лажица маслиново масло и 2 лажици мед.

Сите состојки се мешаат во блендер додека не се направи смеса како крема. Добиената смеса веднаш нанесете ја рамномерно на измиена коса и оставете да стои 15 минути.

Потоа се мие со млака вода. Користете ја еднаш неделно. Како резултат на неа, косата ќе стане посилна, помалку ќе паѓа и ќе биде посјајна.

SHARE

LEAVE A REPLY