Пририда и здравје – Златно млеко за долговечност

Златното млеко е пријатен и топол напиток кој е исклучително корисен за ’рбетот и коските, воопшто. Тоа е магичен напиток кој исто така помага во продолжување на младоста, го нормализира целиот дигестивен систем, има благотворно дејство на црниот дроб, ги елиминира токсините, го подобрува тенот и овозможува долговечност.

За да го направите во домашни услови, најпрво треба да ја подготвите „златната“ паста. Потребно ви е: 40-50 г куркума и 100-150 мл вода.

– 250 мл млеко

– 2 лажици (40 мл) сирово нерафинирано бадемово масло (по желба)

Во куркумата додадете вода, промешајте и ставете на оган да зоврие. Гответе околу 7-8 минути додека да згусне. Постојано мешајте. Смесата треба да личи на густ јогурт.

Во меѓувреме пригответе го млекото, за кое ќе ви биде потребно:

– 250 мл млеко

– 2 лажици (40 мл) сирово нерафинирано бадемово масло (по желба)

– мед по вкус

Млекото зовријте го и во него додадете бадемово масло. Тргнете од оган и наточете во шолја. Додадете 1 лажичка од претходно приготвената паста. Засладете со мед по вкус.

Пастата од куркума можете да ја приготвите во поголема количина за подолг период. Во замрзната состојба ги задржува својствата до 40 дена, а се чува во фрижидер.

Златното млеко се препорачува да се пие на празен стомак, наутро и пред спиење, 40 дена, односно двапати годишно, по 40 денови.

SHARE

LEAVE A REPLY