Армија од 3000 психијатри и со буџет од 300 милиона фунти ќе биде распоредена низ британските школи за да се справи со нeсигурната и стресна младина !

На децата во британските училишта ќе им биде понудено советување како нова мерка која има за цел да се справи со ратсечките ментални проблеми на учениците во школите.

Новиот владин план предвидува над 3000 здравствени професионалци или психијатри да бидат тренирани за да даваат комфорт и да помогнат во надминување на анксиозноста кај младината заради растечкиот степен на стрес меѓу учениците но и на случаите со самоповредување.

Според планот, по еден експерт ќе биде распределен во училиште и тој ќе се занимава со оваа проблематика.Британската анализа покажала дека за 70% е зголемена анксиозноста и несигурноста кај младите што бара итна реакција заради што Владата подготвила и буџет од 300 милиона фунти за решавање на проблемот или барем за негово ублажување.

Според истражувањето, интернетот и социјалните медиуми дополнително ја влошуваат ситуацијата и ја уништуваат самодовербата кај младите. Зголемувањето на менталните проблеми кај младите во Британија е детектирано на возраст од 12 до 14 години.

 

 

LEAVE A REPLY