Нацев со злато, Арсов со сребро, а дебитантот Антонио Петров со бронза на Балканс Бест Фајтерс во Ниш

Три медали за штипските кик боксери е епилогот од Меѓународниот кик бокс турнир Балканс Бест Фајтерс.

  • Славче настапи во категорија до 74 килограми. Јас бев во категорија до 69 килограми, а нашиот дебитант Антонио Петров во категорија до 57 килограми. Јас се закитив со злато, Славче го заработи среброто, а Антонио се закити со бронза.
  • Навистина сум среќен што успеав да ги одбранам боите на Штип и Македонија и да ја оправдам довербата на штипската публика. Балканс Бест Фајтерс е еден угледен меѓународен турнир, кој на едно место го собира најдоброто од Балканот, вели Никола Нацев, кик боксер.

За дебитантот Антонио Петров, кој се закити со бронза, најголем успех е што од првиот свој настап успеа да се врати дома со медал.

  • За мене како дебитант овој медал е особено важен. Чувството за прв пат да се настапи на еден меѓународен турнир и веднаш да се заработи медал е неописливо. Овој медал за мене ќе биде мотивација и поттик и во иднина да продолжам со напорните тренинзи под капата на тренерот Шенол Асанов за и во иднина да продолжат големите успеси на Гладијатор, вели Антонио Петров, кик боксер.

Освен тројцата кик боксери, боите на Штип требаше да ги брани и Јована Арсова, која мораше да се откаже од настапот поради повреда.

 

SHARE

LEAVE A REPLY