Стефан Штерјов е носител на третиот трофеј Штипски Боречки Асови

Штипскиот борач Стефан Штерјов е носител на третиот по ред трофеј Штипски Боречки Асови.

За најдобар странски борач е прогласен Исмаил Помаков од Бугарија, додека најдобар техничар на турнирот е Слави Стаменов од боречкиот клуб Би Рил од Сандански, Бугарија. Плакети за особени заслуги добија градоначалникот Благој Бочварски и трикратниот олимпиец Зоран Шоров.

На турнирот учество зедоа над 130 борачи во машка и женска конкуренција.

Турнирот е во организација на БК Балканец во чест на штипските спортски легенди Киро Ристов, Симеон Шутев, Марјан Наумов, Лазар Коцев, Борче Димитров и Томе Атанасов.

 

SHARE

LEAVE A REPLY