Злато за Викторија Варадинова на Балканс Бест Фајтерс

 

Штипската кик боксерка, која настапува за скопскиот кик бокс клуб Шампион се закити со злато на меѓународниот турнир Балканс Бест Фајтерс во Ниш. Нејзиниот клуб Шампион го има најдобриот пионер на турнирот, како и признанието трет најдобар клуб по број на освоени медали – 6 златни, 4 сребрени и 3 бронзени.

Варадинова настапи во две борби, против Марија Маниќ и Ивана Радиќ од Црна Гора.

SHARE

LEAVE A REPLY