Ни пари ни помош за сопружници тешки инвалиди од Кучичино. За институциите, тие се способни сами да се снаоѓаат

Петрунка и Благој Манчеви од Кучичино живеат тежок живот на двајца инвалиди. Петрунка е речиси целосно слепа, а нејзиниот сопруг има тешко искривување на ’рбетот.  Живет сами, далеку од очите и грижата на државата.

На двајцата им е неопходна туѓе помош, но за нив  нема ниту пари ниту помош. Имаат по 50 и некоја година, но маките и болестите од нив направиле предвреме остарени и пропаднати луѓе.

Според лекарските наоди, Петрунка е  со загубени  98% од видот

  • Не видам ич. Не можам ништо да работам. Ни за перење,ни за јадење, ништо. Сопругот ми помага. Не гледам ништо, оној ден пробав сама да излезам, паднав, не гледам. Тешко е, многу ми е мака. Ти каде што седиш, не те гледам. Се ми е темнина, не гледам, денот и ноќта ми се исти, изјава Петрунка Манчева.
  • Ако и дадеш храна, ќе јаде, ако и дадеш вода арно. Јас ја бањам, перам, алишта, ручек, вечера, лекови, сите процедури. Јас морам да ја носам на лекар, да и земам лекови, инсулин… Ние сме од законот целосно незаштитени, кажа Благој Манчев, сопруг на Петрунка.

Но, според државата и институциите , таа е сосема нормална и самостојна личност, па барањето за нега и е одбиено:

  • На 24 октомври го добивме решението дека сме одбиени. Ние на 2-ри ноември поднесовме Жалба, и таму бевме одбиени. Тоа е многу неправедно. И овие пари што слушам дека ги дават, 4ипол илјади се малку за ваков човек, неспособен, кажа Благој .

Ова е тежок удар за овие луѓе, кои за да ги поднесат документите за нега, морале да земат пари на заем. Сега немаат ниту нега ниту од каде позајменото да го вратат:

  • Тоа е мизерно. Се задолжив на многу места. И јас се чудам како ќе ги вратам парите… И јас се чудам., вели Благој.

Заклучокот на комисиите  ги разочара и навреди овие луѓе, па тие јавно ги повикаа претставниците од надлежното Министерство да дојдат и да се уверат во нивниот хендикеп.

  • Министерот да дојде и да види. Нека види лично дека не гледам. Они можат да речат дека лажам, нека дојде комисијата, нека види, вели Петрунка.

Колку надлежните ќе ја слушнат болката на овие луѓе е прашање. Затворена во четирите ѕида на својата соба, која за Петрунка е целиот незјин свет, таа не испрати со горко чувство на душата дека во ова држава „ здрав болен – не верува“.

 

SHARE

LEAVE A REPLY