Пет медали за делчевски Ас во Србија

Кик боксерите на делчевскиот клуб Ас на турнирот Балканс Бест Фајтерс се закитија со вкупно 5 медали, 1 златен и 4 бронзени.

Со злато се закити Дилан Ивановски во категорија до 37 килограми, додека бронзени беа Лука Ангеловски до 57 килограми, Матеј Манов до 69 килограми, Павел Стојчевски до 32 и Филип Димитровски до 63.

Делчевчани под водството на тренерот Љупчо Стојчевски настапија со вкупно 6 кик боксери.

SHARE

LEAVE A REPLY