Пораз за штипските одбојкарки од Планет

Штипските одбојкарки беа поразени во рамките на 7. коло од Државното одбојкарско првенство за жени. Планет успешно славеше со 3:0, во сетови 16:25, 20:25 и 27:29.

Од преостанатите двојки, Македонија Макс загуби од Пелистер со 0:3. Виктори Волеј не успеа да се спаси од поразот од Куманово, губејќи со 2:3. Со ист резултат заврши и дуелот меѓу Наковски и Јанта Волеј, а со 2:3 на семафорот дома си заминаа и одбојкарките од дуелот меѓу Бами Кор и Тетовскиот Универзитет.

Поразот во никој случај не е добра вест за штипјанки, затоа што сега, иако со 4 бодови помалку од четвртопласираниот Виктори, се поставени на далечната деветта позиција на табелата.

Таму, лидер е тетовскиот универзитет со 18 бодови. Втор е Куманово со ист број на бодови со третопласираниот Јанта Волеј. Виктори има 12, пред Наковски, Планет и Пелистер. Ист број на бодови со Пелистер имаат и Бами Кор и УГД Студент, додека на самото дно е позиционирана Македонија Макс без ниту еден бод.

SHARE

LEAVE A REPLY