Стипендии од општина Делчево за повеќе ученици во текстилството

Делчево ќе дава стипендии на ученици во текстилството. Оваа мерка треба да го зголеми интересот за текстилната струка во СОУЦ но и д апроизведе квалитетен кадар за потребите на стопанството:

  • Ние како локална самоуправа ќе обезбедиме стипендии, но тоа треба д аго направат и компаниите, за оние ученици кои ќе останата на работа кај нив, изјави Горан Трајковски, градоначалник на о. Делчево.

Најголем проблем во текстилството е недостатокот од квалитетна работна рака:

  • Стипендирањето е еден од начините да се зголеми бројот на ученици во овие струки, а мора да се подигне и свеста за важноста на текстилната струка за делчевското стопанство, смета Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилен кластер.

Минималната плата ја овори спиралата на покачување на платите, па сега Текстилниот кластер бара нови поволности од државата:

  • Бараме намалување на придонесите, рекламни материјали за демонстрација на тоа дека условите за работа во текстилството не се лоши и слично, кажа Илчо Тренчовски, сопственик на текстилна компанија.

Посетата на претставниците на Текстилниот кластер  во Делчево е во рамките на проектот поддржан од ИПА програмата со партнерство со Текстилниот кластер  во Ќустендил. целта е да се промени перцепцијата за текстилството.

SHARE

LEAVE A REPLY